Килијан Мбапе, мега – ѕвездата на ПСЖ и светскиот фудбал, деновиве одлучил да си се почести и да си купи нов автомобил, и тоа каков.
Станува збор за Ферари 488 Pista, кој има 720 кс и кој вреди 500.000 евра.
Секако дека на Мбапе не му тешко ова да го направи, да извдои толкава сума ако се знае дека неговата годишна плата е 70 милиони евра.
Но, има едно но тука. Имено Килијан нема возачка, па Ферарито, барем засега ќе му седи во гаража.
„Да, си купив Ферари, а немам возачка. Тоа е една од лошите работи на успехот, немав време да правам едноставни работи како добивање на возачка дозвола“ посочи Килијан Мбапе.