Тен Хаг: Го отпишав Роналдо од очигледни причини!

524

Манчестер Јунајтед денеска од 17:30 часот гостува кај Ливерпул на „Енфилд“. Во најавата за овој натпревар, Ерик тен Хаг се осврна на бројни актуелни теми поврзани со неговиот тим, но и на една стара, која веројатно никогаш нема да престане да биде актуелна. Се разбира, станува збор за моментот кога го исфрли од клубот Кристијано Роналдо.

Да потсетиме дека Роналдо го напушти Јунајтед во ноември откако даде бомбастично интервју за британскиот новинар Пирс Морган. Во тој разговор тој го критикуваше клубот, како и самиот Тен Хаг, по што доби раскин на договорот и кариерата ја продолжи во Ал-Наср.

„Имав мои причини да го отпишам Роналдо. Тие причини беа многу очигледни. Ги знаев последиците од таквата одлука, ми беше јасно дека може да бидат негативни за мене. Не бев загрижен, спиев мирно. Дури и за време на тие ноќи. Мое е да носам одлуки кои го водат клубот напред“, рече Тен Хег и потоа додаде:

„Тоа е моја работа и моја одговорност. Морам да стојам зад моите одлуки. Сето ова морам да го правам не само краткорочно, туку и долгорочно. Се разбира, не секогаш имате многу време за нешто треба да направиш. Тогаш имавме десет дена да избереме што да правиме“, изјави предводникот на Јунајтед. 

 

ПретходноЛазаров прозива за двомечот со Португалија!
СледноНејмар и Мбапе им ги затворија устите на сите (ВИДЕО)