Тех Хаг по дебаклот: Дали сум лут? Ова беше непрофесионално!

1518

Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хаг се огласи по катастрофалниот пораз на неговиот тим на гостувањето кај Ливерпул со 7:0.

„Мислам дека имавме пристојно прво полувреме. Непосредно пред паузата имаше една грешка во организацијата на играта. Второто полувреме едноставно не бевме ние. Ова не е според нашите стандарди. Не игравме тимски. Крајно непрофесионално. Дали сум лут? Да. Дефинитивно. Изненаден сум бидејќи во последните недели и месеци видов дека овој тим е издржлив и решен да победи. Во вториот дел воопшто немавме победнички став. Не се држевме до планот, не си ја завршивме работата. Не дадовме одговор и беше навистина непрофесионално. Во минатото видовме дека можеме да се опоравиме: по поразите од Брентфорд, од Манчестер Сити. Се разбира, ова е сериозен пораз, ова е неприфатливо. Многу сум разочаран и лут. Ова е проверка на реалноста. Мора да ја прифатиме“, изјави тренерот на „црвените ѓаволи“.

ПретходноПрвпат во историјата Барса победи со 1:0 на осум меча во Ла Лига
СледноСкопје ќе бара нов тренер: Георгиевски си замина од Автокоманда