Тотенхем за Кејн бара 110 милиони евра!

139

Хари Кејн, најдобриот фудбалер на Тотенхем, негов капитен и рекордер по бројот на постигнати голови е трансферна цел на речиси сите најголеми клубови во Европа, пред се во ПЛ. И самиот тој не крие дека убаво ќе биде да ја промени средината и да дојде барем до еден трофеј во својата кариера, но Кејн има договор со својот клуб до јуни 2024 година.

Ова значи дека ако Даниел Леви, првиот човек на клубот не го продаде во јуни, тоа значи дека следното лето Кејн ќе биде слободен.

Токму затоа од Тотенхем на сите понуди за Кејн одговараат дека цената е 110 милиони евра за евентуален трансфер ова лето. Па кој сака нека повели.

ПретходноБез Талески и Павле против Португалија, „висат“ Пешевски и Танкоски!
СледноЛазаров објасни за отсуството на Манасков и Георгиевски и потенцира: Вратата за никого не е затворена!