Триумф на Верстапен во Бахреин, Перез и Алонсо го дополнија подиумот

123

Двојниот светски шампион Макс Верстапен триумфираше на првата трка во Формула 1 сезонава за Гран При на Бахреин. Втор на патеката „Сахир“ заврши тимскиот колега на Верстапен во Ред Бул, Серхио Перез, а трет заврши Фернандо Алонсо кој дебитираше за тимот на Астон Мартин.
Холанѓанецот имаше време од 1 час 33 минути 56.736 секунди, а вториот Перез доцнеше речиси 12 секунди.

Инаку ова е прва победа на Верстапен во Бахреин, а за неговиот тим Ред Бул прв триумф на оваа патека по 2013 година.

Четврти на „Сахир“ заврши Сајнц кој успеа да го задржи зад себе Хамилтон и покрај проблемите со гумите во финишот. Хамилтон заврши петти, ,а Ленс Строл заврши на шестата позиција. Седми заврши Расел, а поени освоија Ботас, Гасли и Алекс Албон.

ПретходноНавивачи ги гаѓаа играчите со шишиња со вода, тепачки на теренот и на трибините (видео)
СледноБарса ја совлада Валенсија, Фати и Торес се караа кој да изведе пенал (видео)