Џонсон му донесе бод на Форест против Евертон

48

Со два гола на Бренан Џонсон екипата на Нотингем Форест освои бод во дуелот со Евертон во 26 коло на Премиер лигата. „Карамелите“ имаа водство меѓутоа не го сочуваа до крајот па овој бод не ги извлече од опасната зона на табелата.
Тимот од Ливерпул поведе со погодок на Греј од пенал во 10 минута, изедначи Џонсон девет минути подоцна. Докуре донесе 1:2 за Евертон на полувреме. Изедначувачкиот гол падна во 77 минута, а повторно Џонсон ја тресе мрежата на гостите.
Нотингем е на 14. позиција на табелата со 26 бода, додека Евертон е на 18. место со 22.

ПретходноВМФЛ: Слога (В) дома празена од Пехчево!
СледноЛеверкузен им се врати на победите, ја „здроби“ Херта на свој терен