Како што денеска пренесуваат медиумите во Германија и Англија, се чини дека Дарко Чурлинов во летниот преоден рок има намера да го напушти Барнли и да се врати во Германија, поточно да се вратои во Шалке.
Интересно е тоа кога него му заврши позајмицата од Штутгарт во Шалке, тимот од Гелзенкирхен не сакаше да го откупи, односно не сакаа да ја платат сумата која Штутгарт ја одреди за Македонецот.
Потоа се знае дека на барање на Венсан Компани, Чурлинов потпиша за Барнли, тим од Чемпиншип, но искрено не добива адекватна минутажа.
По се ова Шалке сакал да го врати Чурлинов во Германија, се наведува дека имало и почетни разговори меѓу Шалке и Барнли.