Она што утринава екскллузивно објавивме дека Мирсад Јонуз ќе биде новиот тренер на ФК Скопје, попладнево доби и официјална потврда. Еден од нашите најдобри и најпознати тренери, инаку екс селектор на А-репрезентацијата, Мирсад Јонуз ќе го предводи тимот на Скопје во наредниот период.
Јонуз заедно со “пиратите“ веќе и го одржа првиот тренинг, а своето деби ќе го в среда на мечот против Македонија ЃП.
Секако дека со овој потег ракодството на тимот од Автокоманда најавува жестока битка за опстанокот, со Мирсад Јонуз јасно е дека тие шанси драстично се зголемуваат.
Инаку да споменеме дека синоќа Славчо Георгиевски – Тупан си поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на Скопје.