Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше многу нервозен по синоќешното реми кое неговиот тим го обезбеди на гостувањето протѕив Бетис. Според италијанскиот стратег, играчите на Реал (М) синоќа повеќе мислеле како да дриблаат, отколку да шутираат и да постигнат гол.
„Резултатот буди фрустрација. Треба и мора да бидеме поефикасни. Особено во првото полувреме имавме можности да ги реализираме нашите шанси. Во моментов проблем е што ни недостасува ефикасност. Премногу дрибламе, а премалку шутираме. Цената е скапа и веќе три натпревари немаме постигнато гол. Денеска имавме три до четири големи шанси, и штета е, бидејќи одигравме добар натпревар во одбраната“, вели Анчелоти.
Со ремито (0-0) Реал Мадрид сега има девет бода помалку од лидерот во Ла Лига, Барселона.