Добра вест за Араухо: Ла Лига го казни само еден меч и ќе може да игра на „Ел Класико“

214

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, сепак, ќе добие само еден натпревар суспензија. Иако, правилата на Ла Лига велат дека директниот црвен картон значи суспензија од два натпревари, ппоради тоа што е проценето дека се работи за само „нормален“ спортски фаул, Араухо ќе паузира само еден меч за Каталонците.

Уругваецот ќе ја одлежи суспензијата во следното коло на гостувањето на Барса во Билбао, а тоа значи дека ќе биде достапен за „Ел Класико“ на 19 март на „Камп Ноу“.

Ова е најдобрата можна вест за Чави Ернандез, кој во секое „Ел Класико“ го става Араухо на десен бек за да го чува Винисиус Јуниор.

ПретходноУжас: Шпански спринтер падна на последната пречка, удри со глава и остана без свест (ВИДЕО)
СледноМбапе пред реваншот во ЛШ: Ќе го победиме Баерн и ќе одиме во четвртфиналето!