Емиратите ѝ нудат на Евролигата револуција и 150.000.000 евра

801

Бордот на Евролигата на средината на март ќе одржат седница на која ќе одлучат дали кошаркарскиот клуб Дубаи ќе биде вклучен во најквалитетното европско клупско натпреварување, пренесува „Мундо депортиво“.

Весникот наведува дека пред Евролигата е „еден од најважните моменти во историјата“.

Сопствениците на лиценцата мора да одлучат дали ќе дадат „зелено светло“ за зделката со Дубаи, кој нуди 150.000.000 евра за шест години, а за возврат бара тим во натпреварувањето и организација на два Ф4 турнири на Евролигата во 2025 и 2029 година.

Тоа ќе биде единствената точка на седницата на Бордот на Евролигата кој е составен од 13 клубови сопственици. Шпанските медиуми потсетуваат дека контактите меѓу двете страни траат веќе година дена, но се интензивирале во последните месеци.

Инаку на чело на проектот во Дубаи е сопственикот на кошаркарскиот клуб Дубаи, Абдулах Ал Набодах, кој е еден од најбогатите луѓе во ОАЕ, а во негово име голем дел од преговорите ги водат Дејан Камењашевиќ и Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, а иницијативата има поддршка од шеикот на ОАЕ.

ПретходноБура во Шпанија – судиите ја туркаат Барселона кон титулата
СледноКривањева пред дербито со Шкупи: Со максимална посветеност ќе го добиеме тоа што го сакаме