Од вечерва Е. Пелистер има нов тренер на тимот по отказот кој го доби Ларс Валтер по слабите резултати. Тоа е Александар Јовиќ, кој досега беше тренер на Е. Пелистер 2.
Интересно, раководството на клубот го кооптираше и Звонко Шундовски, некогашниот селектор на нашата ракометна селекција кој ќе биде стручен тим – менаџер.
Сето ова клубот од Битола го објави и официјално:
„Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Е. Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски. Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната“ се вели во соопштението на Е. Пелистер.