Играше за Реал, Партизан, екс – Југославија а сега работи во магацин за 400 евра месечно!

5375

Ете, тоа се фудбалот. Предраг Спасиќ е најдобар пример за тоа како некогаш си бил славен, па и со доста пари, а сега мораш да преживуваш со 400 евра месечно.

Спасиќ за постарата генерација е добро познато фудбалско име на овие простори. Некогашен фудбалер на Партизан, стандарден член на репрезентацијата на екс – Југославија кога селектор беше Ивица Осим, потоа играше и за Реал Мадрид, си даде автогол на “Камп Ноу“ на мечот со Барселона, а сега работи во магацин и едвај преживува.

Потребна ми е финансиска помош. Живеам од ден за ден. Во многу тешка ситуација сум. Треба да бидеш силен за да го пребродиш ова“ рече деновиве самиот Спасиќ.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 21.КОЛО: Кога Велкоски ќе се разигра
СледноЕве, затоа е “специјален“: Рома му дава гол на Јуве, на “Олимпико“ лудило, а еве што прави Мурињо! (ВИДЕО)