Кривањева пред дербито со Шкупи: Со максимална посветеност ќе го добиеме тоа што го сакаме

2679

Во среда се игра 22.коло во ПМФЛ, а дербито се игра во Струга каде што истоимениот домашен тим, инаку лидер на табелата ќе се соочи со актуелниот шампион Шкупи. Тоа ќе биде меч кој може многу да значи во конечниот поредок на крајот на сезоната. Струга има нов тренер после трите ремија по ред, а Шкупи нема победа на последните два меча (пораз и реми).

Струга го држи првото место со 39 бода, а Шкупи е втор со бод помалку.

Играчот на струшката екипа Бесарт Кривањева зборуваше за очекувањата од дербито.

Натпреварот против Шкупи ќе биде еден од најтешките. Играме против актуелниот шампион така што пристапот и сериозноста на тимот мора да бидат на високо ниво. Со новиот тренер Шпетим Дуро работиме многу добро деновиве, па силно веруваме дека со максимална посветеност ќе успееме да го добиеме тоа што го сакаме“, изјави Кривањева.

Стоперот во кариерата играше и за Шкупи.

Точно е дека поминав многу убаво време во Шкупи, но ние сме професионалци, во моментов ги бранам боите на Струга Трим Љум и ќе дадам се од себе за овој дрес, конечно да го извлечам најдоброто. Се надевам дека Струга ќе остане прва на табелата“.

ПретходноЕмиратите ѝ нудат на Евролигата револуција и 150.000.000 евра
СледноСуперкомпјутерот пресмета кој ќе биде првак на Англија!