Лазаров: Треба да бидеме реални, но и трпеливи!

1204

Македонската ракометна репрезентација стартуваше со мини-подготовките за двомечот со Португалија за место на Европското првенство 2024 година. За разлика од Светското првенство, овој пат селекторот Кирил Лазаров нема да има на располагање голем дел од искусните играчи во нашиот ростер.

Дејан Манасков, засега најавил дека нема да игра за Македонија, но Лазаров потенцира дека вратат за него и сите останати секогаш е отворена. Филип Талески побарал да биде поштеден за овие два меча поради приватни причини, Гоце Георгиевски, ќе се прости од националниот дрес, за Португалија одамна се договори со селекторот, додека пак во последен момент отпаднаа Жарко Пешевски и Марио Танкоски. Двајцата се појавија на собирот, но по разговор со Лазаров беа ослободени од обврските и пратени на рехабилитација.

Во една ваква ситуација во составот како поискусни играчи остануваат Филип Кузмановски, кој во добро и лошо е секогаш со Македонија, како и Никола Митревски, кој денеска треба да пристигне во Скопје.

Оттука, против една Португалија е тешко да се надеваме на победа или како што велиме изненадување. Важно е да се одигра храбро и борбено. Лазаров и неговите момци се свесни за силата на Португалија, која за разлика од Македонија има бројни ракометари кои играат во силни лиги. Затоа бара трпение во процесот на созревање, особено за овие две средби на кои нашиот тим ќе биде ептен подмладен.

“Не очекува тежок меч, знаеме за каква репрезентација се работи. Тие веќе одамна ја направија нивната промена на генерации, веќе четири – пет години играат заедно. Имаат поисксуни играчи, кои играат во Нант, Мелсунген, во Порто кој учествува во Лигата на шампиони, во Спортинг и Бенфика.

Од она што можев да го видам од последното СП и од мечевите од Луксембург и Турција, се гледа дека станува збор за добро воиграна репрезентација, и дефанзивно и офазивно. Ќе имаме доста тешка задача, се надевам дека времето ќе го искористиме квалитетно, да пробаме да бидеме што повеќе компетативни, да го дадеме нашиот максимум. На овој собир нашата репрезентација ќе биде драстично подмладена, го правиме тоа на што тежнееме, комплетна промена на генерации и треба да бидеме трпеливи, имаме квалитет и талент.

Да ние, се подготуваме за победа, но реалноста е друга, треба да бидеме трпеливи и реални, ние се подготвуваме да победиме, но ние за противник имаме квалитетна репрезентација која тоа го покажува на сите големи натпревари. Успеа да ја елиминира Холандија во бараж мечот за СП, ако го сторите тоа тогаш знаеме за каков противник се работи“.

Првиот меч меѓу Македонија и Португалија се игра на 9. март во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот), реваншот е три дена подоцна во Порто. Билетите од денеска се во продажба, истите чинат 100 и 200 денати.

ПретходноУ21: Две нови имиња во составот на Канатларовски за турнирот во Анталија
СледноКамерата го „улови“ потегот на Фернандеш, му се заканува суспензија (ВИДЕО)