Во последниот меч од 16.коло во нашата елитна кошаркарска лига, вечерва во салата “Парк“ во Струмица, МЗТ Скопје со 63:88 успеа да ја совлада домашната екипа на Струмица предводена од екс-селекторот Јорданчо Давитков.
Ова беше победа бр.14 за момците од Аердором.
Шампионот добро го започна мечот, имаше постојана разлика во текот на првата четвртина која на крајот ја доби со 17:25. Сепак домашните немаа намера така лесно да се предадат, почнаа да играат поорганизирано и поквалитетно и вториот период го добија со 22:21, па така со тие 39:46 за МЗТ Скопје се замина на пауза.
“Металците“ фуриозно ја започнаа третата четвртина со 0:7, ја држеа контролата на играта и не им беше тешко кога ќе затребаше да одиграат на нешто повисоко ниво. Струмица колку и да се трудеше, сепак евиндетна беша разликата во квалитет. Овој дел од мечот гостите го добија со +10, беше 10:20.
До крајот колку и Струмица да се обидуваше барем резултатски да се приближи, гостите од Скопје умешно го чуваат водството од 15-18 поени и на крајот заслужено славеа со 63:88.
Да споменеме дека во составот на Струмица најефикасни беа Крстајиќ со 15 поени, а Обиквели постигна 11. Додека кај победничкиот тим листата на стрелци ја предводеше Кук со 29 поени, додека Крстевски постигна 14 поени.