Мирсад Јонуз ќе биде нов тренер на Скопје

745

Поранешниот селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија до 21 година, Мирсад Јонуз ќе биде најверојатното ново тренерско име на клупата на Скопје.

Вчера Славчо Георгиевски си поднесе оставка на позицијата, па тимот од Автокоманда веднаш почна во потрага по ново решение. Јонуз, како што неофицијално дознава СПОРТМЕДИА, во текот на наредниве денови треба да биде промовиран во нов кормилар на тимот кој ќе се бори за опстанок во елитата.

Последен теренерски ангажман Јонуз имаше на клупата на катарски Лусаил. Тој има долгогодишна интернационална тренерска кариера, а последен пат во Македонија работеше како тренер на Работнички.

ПретходноЦупара скрши рака: Веспрем без српскиот голман за четвртфиналето во ЛШ
СледноОд денеска во продажба билетите за Македонија – Португалија