Швајцарецот Марко Одермат е новиот освојувач на Малиот кристален глобус во супервелеслалом, откако синоќа победи на претпоследниот Супер-Џи сезонава што се одржа во Аспен. Со оваа победа Швајцарецот воедно се доближи и до одбрана на титулата севкупен победник на Светскиот куп.
На скратената патека, Одермат победи со време од 1:06,80 минути, пет стотинки пред вториот, Германецот Андреас Зандер и 34 стотинки пред третиот, Норвежанецот Александар Омод Килде.
За Одермат ова беше 20-та победа во кариерата, а деветта сезонава. Пет од тие девет победи оствари во супервелеслалом каде собра 640 поени, 188 повеќе од вториот Килде.
На шест трки пред крајот на Светскиот куп, остануваат уште два велеслалома во Крањска Гора следниот викенд и финалето во Андора.
🇨🇭 Marco Odermatt delivers with a sensational run in the super-G and is one step closer to claiming the Crystal Globe.🏆#fisalpine pic.twitter.com/bfjbnl7D6e
— Eurosport (@eurosport) March 5, 2023