Македонската ракометна репрезентација на 9. март ја пречекува Португалија во рамките на третото квалификациско коло за пласман на ЕП 2024.
Овој меч ќе се игра во СЦ Борис Трајковски, а сите поддржувачи од денеска ќе можат да купат билети за оваа средба. Истите се по цена од 100 и 200 денари.
Нашите ракометари со две победи ги стартуваа квалификациите за ЕП 2024 година, беа подобри од Турција и Луксембург, веќе се на половина пат до пласман на ново големо натпреварување.