Полошо не можеше: Нејмар мора на операција, заврши сезоната за Бразилецот!

229

Каква шокантна вест од Париз. Полошо и не можеше за сите во ПСЖ. Имено како што поладнево објавија од таборот на “светците“, мега – ѕвездата Нејмар ќе мора на операција на зглобот, повреда со која се здоби на мечот со Лил. Ова значи дека за него заврши сезоната и дека ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.

Се правеа напори повредата да се санира без операција, но сепак одлучено е од сите страни дека најдобро е Нејмар сега да биде подвргнат на операција за да може да биде подготвен за следната сезона.

Операцијата ќе биде направена во Доха во текот на следните денови.

ПретходноДарко Чурлинов се враќа во Шалке?
СледноЕ. Пелистер доби нов тренер: Јовиќ на местото на Валтер, а Шундовски е назначен за стручен тим – менаџер!