Во среда се играат средбите од 22.коло во ПМФЛ. Секако дека во преден план ќе биде дуелот меѓу лидерот и вториот на табелата, меѓу Струга ТЛ и Шкупи. Честа да го суди ова мега – дерби во ПМФЛ ја доби Игор Стојчевски од Скопје.
Во Кратово главен судија ќе биде Ндерим Тефику од Куманово, а под Шара пак Стојанче Стојанов од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 22.КОЛО – СРЕДА (14 Ч)
Скопје – Македонија ЃП: Димитар Пилешков (Штип)
Струга ТЛ – Шкупи: Игор Стојчевски (Скопје)
А. Пандев – Победа: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Силекс – Брегалница: Ндерим Тефику (Куманово)
Шкендија – Работнички: Стојанче Стојанов (Штип)