Иако до пред извесно време најголеми шанси му се даваа на Манчестер Сити, без разлика што Арсенал и тогаш беше лидер, но по најновите настани во Премиерлигата, популарниот суперкомпјутер кажа дека тимот од „Емирати“ ќе биде шампион на Англија.
Пресметани се повеќе компоненти и детали, и резултатите се следни:
Арсенал ќе заврши како прв, Манчестер Сити на крајот сепак ќе биде втор, следува Манчестер Јунајтед, па Њукасл.
Како петти првенството ќе го заврши Тотенхем, па Ливерпул Брајтон…додека Челзи на крајот ќе биде десетти.
Што се однесуа до долниот дел на табелата, на 18.место ќе биде Борнмут, а послаби од него ќе бидат само Евертон и Саутемптон.