Кога двајца фудбалери во едно коло ќе постигнат по три гола, тогаш јасно е дека имаш голем “проблем“ кого да ставиш за играч на колото. Сепак “Спортмедиа“ меѓу Крсте Велкоски (Раотнички) и Александар Катаниќ (Силекс) се одлучи за капитенот на тимот од Градски парк.
Велкоски беше маестрален против Скопје, тие 4:0 се речиси негово дело, а од Работнички во тимот на колото е и Гандо, стрелецот на четвртиот гол со “пиратите“.
Покрај Катаниќ кој на своето деби за Силекс постигна хет-трик во Прилеп, од таборот на кратовци во тимот на колото е Маневски.
Македонија ЃП одигра одлично против Тиквеш, победи со 3:0, а во тимот на колото се голманот Стевковски, потоа Мишевски и Воша. Брегалница дома освои бод со Шкендија, а најдобар на теренот беше Лвалива. Во Кичево се одигра одличен меч за наши услови, Шкупи и А. Пандев одиграа 3:3, Хамиди од Шкупи и Крстевски и Руфати од А. Пандев се дел од идеалниот тим на 21.коло.
ИГРАЧ НА КОЛО
КРСТЕ ВЕЛКОСКИ
Тим: Работнички
Роден: 20.02.1988 во Струга
Кариера: Работнички, Металург, Челаул, Енозис, Сараево, Инчон, Сват Кат, Работнички