Македонија ЃП со 3:0 успеа да го победи Тиквеш, тим кој во последно време, односно во досегашниот дел од сезоната важи за хит на првенството. “Лавовите“ одиграа навистина квалитетно, секако дека не е сеедно на еден Тиквеш да му дадеш три гола. Се виде дека тимот од Ѓорче одигра по “нотите“ на својот стратег Муарем Бајрами и затоа Муки е тренер на колото. Веројатно ова е најдоброто издание на “лавовите“ во сезоната.
Бајрами ја доби тренерска битка со Ѓорѓи Мојсов и заслужено е најдобар во категоријата тренер на колото, барем според “Спортмедиа“.