Без поголеми изненадувања помина и 6. коло од главаната фаза во плеј-офот во домашното одбојкарско првенство. Водечките екипи на табелата имаа лесна задача, иако играа на гостински терен. И шампионот Струмица Никоб и Шкендија и ГОК Борец се вратија со максимални победи од гостувањата.
Малку повозбудливо викендов беше во плеј-аут зоната, каде младите одбојкари на Македонија Џио пропусно го намачија лидерот Универзитет во Тетово, но на крајот немаа сили за втор сезонски успех. Иако двапати водеа (1:0 и 2:1), струмичани беа поразени со 3:2. Лесна победа обезбеди Сушево над Петровец.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (6.коло)
Работнички 71&22 – Струмица Н. 0:3 (12:25,13:25, 14:25)
Весна Пробиштип – Шкендија 0:3 (13:25, 10:25, 12:25)
Лирија – ГОК Борец 0:3 (17:25, 11:25, 12:25)
Табела: Струмица Никоб 15-1, Шкендија 14-2, ГОК Борец 13-3, Работнички 8-8, Лирија 7-9, Весна Пробиштип 6-10.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (6.коло)
Македонија Џио – Универзитет во Тетово 2:3 (25:21, 19:25, 25:22, 18:25, 7:15)
Сушево – Петровец 3:0 (25:8, 25:19, 25:8)
***Слободна е екипата на Штуп УГД
Табела: Универзитет во Тетово 8-7, Штип УГД 7-7, Сушево 4-11, Петровец 2-13, Македонија Џио 1-14.