Јагуриноски: Мора да бидеме агресивни, цврсти во дефанзивата!

231

Томислав Јагуриноски е еден од оние ракометари кои покажа дека местото му е меѓу најдобрите во македонскиот дрес. За жал, Кирил Лазаров на последното СП остана рано без неговите услуги, откако се повреди.

Сепак сето тоа е минато, Томи се врати на терените, а пред двомечот со Португалија, уште еден квалитетен противник во редот, вели дека треба да одиграат перфектно во одбраната, нешто што мора да се промени од последниот настап на Македонија, а тоа е Мундијалот во Полска.

„На овие два меча ќе бидеме без поискусните во составот. Против Португалија ќе играме без притисок. Добро знаеме за каков противник станува збор, но секако ќе се подготвуваме за победа. Мора да ја бидеме цврсти во одбраната, да го подигнеме нивото, да одиграме квалитетно со многу дуели, млади сме мора да трчаме на теренот, да бидеме агресивни. Не смееме да дозволиме да примаме многу голови како на Светското првенство“, изјави Јагуриноски.  

ПретходноСудии за ВМФЛ: Трпчевски ќе им суди на Гостивар и Пелистер!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)