Секако дека по таа катастрофа вчера во дербито на Англија, по тие 7:0 за Ливерпул, ситуацијата во таборот на Манчестер Јунајтед и тоа како се вжешти.
Па токму за тоа е казната од страна на тренерот Ерик Тен Хаг кон своите играчи.
Имено тој прво им кажал по мечот дека биле катастрофа, дека како тоа одиграле воопшто не заслужуваат да го носат дресот на Јунајтед и да бидат среќни што ќе се качат во клупскиот автобус, дека требало тој да ги прати заедно со фановите на пат кон дома.
Потоа утринава им одржал тренинг во 9 часот а тој во комплексот на клубот бил уште во 7 часот. Следувало вистнско мачење, кога морале сите играчи на Јунајтед да ја слушаат прославата на Ливерпул, како тоа Салах и компанија се радувале по триумфот над нив.
На крајот им се заканил дека ако ова се повтори тогаш сите ќе бидат преселени во резервниот тим на Манчестер Јунајтед а резервистите ќе дојдат во првиот тим.