Камерата го „улови“ потегот на Фернандеш, му се заканува суспензија (ВИДЕО)

9145

Манчестер Јунајтед синоќа го доживеа едно од најголемите понижувања во својата историја бидејќи на „Енфилд“ беше поразен со 7:0 од лутиот ривал Ливерпул. За своето однесување особено беше критикуван капитенот на тој тим, Бруно Фернандеш, но може да биде и жестоко казнет поради тоа што му го направи на линискиот тренер.

Тој е познат по своите арогантни и дрски потези, но овој пат ја премина секоја граница. Линискиот стручњак се обиде да го смири, а потоа Бруно Фернандеш направи потег со кој можеше да биде строго казнет. Тој намерно го турна додека поминуваше покрај него и за негова жал камерата јасно го фати.

Ова видео стана главна тема на јавното мислење во Англија, кое бара арогантниот Португалец конечно да биде казнет за неговото грубо однесување. Физичкиот контакт со судиите на таков начин е строго забранет, па останува да се види дали ФА ќе реагира.

Некои англиски медиуми веќе шпекулираат дека Фернандеш се соочува со тешка суспензија и парична казна бидејќи тоа што го направи е целосно неприфатливо.

ПретходноЛазаров: Треба да бидеме реални, но и трпеливи!
СледноКинезите тврдат: Адеми има нов клуб, Динамо ќе добие околу милион евра!