Кинезите тврдат: Адеми има нов клуб, Динамо ќе добие околу милион евра!

400

Аријан Адеми го напушта Динамо и станува играч на кинескиот прволигаш Пекинг Гуан, тврдат медиумите во оваа земја. Според нив Гуан ги решил последните финансиски проблеми поврзани со неисплатените плати поради што не можат да донесат играчи.

„Во текот на изминатата година, Гуан ги решаваше старите проблеми, вклучително и заостанатите плати и спорови како што се отказите за странски играчи. Гуан имаше забрана за носење на играчи, но сега истото ќе биде дозволено и ќе пристигне 32-годишниот капитен на Динамо Загреб“, пишуваат  во медиумите. Се шпекулира дека Динамо ќе добие околу еден милион евра обештетување, бидејќи договорот на Адеми е до 2026 година.

Директорот на Гуан, Ли Минг на почетокот на март отпатувал во Европа да го договори доаѓањето на Адеми. Кинеската Суперлига дозволува во една сезона да бидат доведени седум странски играчи. Кинеското првенство се уште не започна, а Гуоан ја заврши првата фаза од подготовките.

Адеми во Динамо дојде во 2010 година од Шибеник, беше позајмен во Локомотива. По две години се врати во дресот на „модрите“. Има одиграно 358 меча на кои постигна 41 гол и запиша 30 асистенции.

ПретходноКамерата го „улови“ потегот на Фернандеш, му се заканува суспензија (ВИДЕО)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Гримасата на Ѓорѓи Мојсов кога Тиквеш губи!