Од денеска во продажба билетите за Македонија – Португалија

204

Македонската ракометна репрезентација на 9. март ја пречекува Португалија во рамките на третото квалификациско коло за пласман на ЕП 2024.

Овој меч ќе се игра во СЦ Борис Трајковски, а сите поддржувачи од денеска ќе можат да купат билети за оваа средба. Истите се по цена од 100 и 200 денари.

Нашите ракометари со две победи ги стартуваа квалификациите за ЕП 2024 година, беа подобри од Турција и Луксембург, веќе се на половина пат до пласман на ново големо натпреварување.

ПретходноМирсад Јонуз ќе биде нов тренер на Скопје
СледноУ21: Две нови имиња во составот на Канатларовски за турнирот во Анталија