Каква шокантна вест од Париз. Полошо и не можеше за сите во ПСЖ. Имено како што поладнево објавија од таборот на “светците“, мега – ѕвездата Нејмар ќе мора на операција на зглобот, повреда со која се здоби на мечот со Лил. Ова значи дека за него заврши сезоната и дека ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.
Се правеа напори повредата да се санира без операција, но сепак одлучено е од сите страни дека најдобро е Нејмар сега да биде подвргнат на операција за да може да биде подготвен за следната сезона.
Операцијата ќе биде направена во Доха во текот на следните денови.