ПОТВРДЕНО: Ѓоковиќ не доби дозвола да игра на турнирите во САД

151

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа и официјално се повлече од турнирот во Индијан Велс, откако не му беше дозволен влез во Соединетите Американски Држави бидејќи не бил вакциниран против корона вирусот.

Ѓоковиќ, кој побара специјална дозвола за влез во САД, минатата недела доби поддршка од Тениската асоцијација на САД и организаторите на УС Опен, но неговото барање сепак беше одбиено.

Турнирот во Индијан Велс започнува во среда и ќе трае до 19 март. Потоа следува Мастерсот во Мајами, но сигурно е дека светскиот тенисер број еден ќе го пропушти и тој турнир.

ПретходноОдермат победи во Аспен и го освои малиот кристален глобус во Супер-Џи
СледноАнчелоти фрустриран: Само дрибламе, заборавивме да шутираме