У21: Две нови имиња во составот на Канатларовски за турнирот во Анталија

980

Две нови имиња ќе има во составот на нашата млада фудбалска репрезентација до 21 година, која ќе учествува на силен меѓународен турнир кој ќе се одржи во Анталија (Турција). Станува збор за 18-годишниот голман на младиот тим на Рио Аве од Португалија, Васко Василев, како и за 19-годишниот Мартин Талаков, офанзивен играч за врска кој настапува за словачка Подбрезова.

И двајцата ќе бидат повикани да настапат за Македонија на турнирот на кој ќе учествуваат и селекциите до 21 година на Летонија, Словачка и Финска.

Ова ќе биде уште една одлична подготовка за тоа што ги чека избраниците на селекторот Драган Канатларовски во квалификациите за ЕП 2025 година, а Василев и Талаков ќе се обидат да се наметнат и во првиот избор на селекторот.

ПретходноОд денеска во продажба билетите за Македонија – Португалија
СледноЛазаров: Треба да бидеме реални, но и трпеливи!