Бунтот во соблекувалната на Реал Мадрид против Анчелоти продолжува!

547

Реал Мадрид веќе може да размислува за четврт-финалето во Лигата на шампионите бидејќи во првиот меч на „Енфилд“ го совлада Ливерпул со 5:2, но на сите други полиња – еден тон проблеми. Во домашното првенство ништо не им оди од рака, па по ремито против Бетис (0:0) останаа на цели девет бода од Барселона и тешко дека ќе ја одбранат титулата, што повлекува сериозно незадоволство во соблекувалната.

Добро информираното радио „Кадена СЕР“ објави дека имало бунт против Карло Анчелоти, бидејќи се повеќе играчи се незадоволни од начинот на кој „старата тренерска волчица“ го води тимот.

Најпрво се шпекулираше дека Дани Себаљос, Марко Асенсио и Еден Азар му свртеле грб на Карло Анчелоти, а потоа против него се побунија и некои други играчи. Неофицијално, тоа се пред се Камавинга и Чуамени, што сега дава пет играчи кои му „зборуваат зад грб“. Анчелоти отсекогаш знаел да ја одржува соблекувалната среќна и да има играчи на негова страна, но се чини дека во Реал Мадрид е малку поинаку.

Камавинга не е среќен што се почесто игра лев бек, додека Чуамени игра ретко. Очекуваше да добие поголема минутажа, но досега не импресионираше доволно за да биде незаменлив во стартните 11.

Интересно е тоа што првиот човек на клубот Флорентино Перез застана на страната на играчот кого скапо го плати, па дури и му предложи на Карло Анчелоти дека е време на клупата да ги пресели Лука Модриќ и Тони Крос, што Италијанецот не сака ни да слушне. Затоа во соблекувалната тлее незадоволство и затоа се почесто се зборува за евентуална замена на Анчелоти. Наводно, му бил даден ултиматум дека мора да освои барем еден од трите најважни трофеи или мандатот ќе му биде „скратен“ за една година.

ПретходноХаланд пред Осимен: Жестока трка по „Златната копачка“
СледноПортугалците два дена порано во Скопје, Силва предупреди: Македонците се незгодни пред своите навивачи!