Тимот на Филаделфија, еден од главните претенденти за највисок пласман сезнава во НБА лигата, синоќа на гостински терен славеше над тимот на Индијана со 147:143 во еден од најјефикасните мечеви годинава.
Овој дуел го одбележа сјајнит настап на водечкиот двоец на Сиксерси, Џоел Ембид односно Џејмс Харден. Ембид стигна до 42 поени додека пак Харден забележа 14 поени, девет скокови и фантастични 20 асистенции.
Ова е втор пат оваа сезона на еден ист натпревар, Ембид да стигне до минимум 40 поени, а Харден да додаде ефективно минимум 20 пати. Па така, двоецот од Филаделфија е единствениот во историјата на НБА лигата кому тоа му пошло од рака.
Сиксерси сега се на скор од 42:22 и се трети на Истокот, и со 18 мечеви пред крајот на регуларниот дел од сезоната се сигурни патници во плеј офот.
На останатите мечеви, Сакраменто исто така уште еднаш сезонава покажа дека е топ екипа и славеше со 123:108 над Њу Орлеанс, додека пак Мајами минимално со 130:128 беше подобар од Атланта.
Резултати:
Кливленд – Бостон 118:114
Детроит – Портланд 104:110
Индијана – Филаделфија 143:147
Мајами – Атланта 130:128
Денвер – Торонто 118:113
Сакраменто – Њу Орлеанс 123:108