Португалците два дена порано во Скопје, Силва предупреди: Македонците се незгодни пред своите навивачи!

426

Португалската ракометна репрезентација денеска ќе пристигне во Скопје. Противникот на Македонија во двата квалификациски меча, вчера се собра, а веќе денеска тргна на пат кон нашиот главен град.

Португалија на двомечот е голем фаворит, не поради силниот состав со кој располага, туку поради видно подмладената Македонија. Иако веќе имаат информации за повредите, откажувањата и сличните изговори за да се прескокнат овие мечеви, сепак ракометарите на Португалија во ниту еден момент не размислуваат дека во Скопје ќе поминат лесно, дел од нив знаат каква атмосфера има кога се игра ракомет.

„Ќе имаме можност да го освоиме првото место во групата. Имаме квалитет треба само тоа да го покажеме на дело. Иако Македонија не е во најдобра форма и нема да биде комплетна, сепак не треба да заборавиме дека имаат добра традиција, особено кога играат дома. Некои од нас веќе играле во Скопје, добро знаат колку е тешко и комплицирано да се игра пред таква атмосфера. Мора да го дадеме максимумот доколку сакаме да постигнеме добар резултат“, изјави Диего Силва.

Билетите за дуелот на Македонија – Португалија се пуштени во продажба, истиот се игра на 9. овој месец во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноБунтот во соблекувалната на Реал Мадрид против Анчелоти продолжува!
СледноСлавен Билиќ доби отказ!