Терзиќ: Ова не е дуел кој ќе го одлучи моменталната форма, Челзи е подобар од она што го постигнува во моментов

158

Тимот на Борусија Дортмунд денеска во рамките од 1/8 финалниот реванш во Лигата на Шампионите има шанса да го елиминира големиот Челзи и да оствари голем успех. Првиот дуел во Германија, заврши со победа на „Милионерите“ од 1:0, но сепак, има уште цел еден натпревар за играње.

„ Мислам дека формата нема да одлучува за утрешниот натпревар. Ова е меч од елиминационата фаза, ние имаме мала предност и се е можно. Знаеме што не очекува, знаеме каков е нивниот квалитет. Во последните неколку недели не ги добија заслужените бодови“, рече Един Терзуќ, тренерот на Борусија Дортмунд па додаде.

„ Пред две години игравме со Манчестер Сити во четвртфиналето. Секако, ова е важен натпревар за клубот и сакаме да покажеме дека можеме да бидеме еден од осумте најдобри тимови во Европа “, продолжи тој.

Терзиќ зборуваше и за проблемите со почетниот голман на Борусија, Грегор Кобел: „ Грегор се лекува во Дортмунд во последните два дена. Од ден на ден се чувствуваше подобро. Ќе работиме со него и по тренингот ќе одлучиме дали ќе може да игра “ – рече Терзиќ.

ПретходноКефи е МВП на 20. коло во АБА лигата
СледноКузмановски со апел до навивачите: Ние сме мала нација, мора да се поддржуваме!