Динамо Загреб останува без својот капитен. Хрватските медиуми соопштија дека Аријан Адеми е нов член на кинески Пекинг Гуан и дека сите детали се договорени на наскоро македонскиот репрезентативец ќе заигра во кинеската Суперлига.
„24 сата“ соопштува дека Адеми денеска во Загреб го потпишал тригодишниот договор кој му го понудиле Кинезите. За Динамо ќе одигра уште три натпревари, а последниот ќе му биде против Ријека на 19 март на „Максимир“ каде што ќе се прости од навивачите и ќе тргне во нова авантура на Далечниот Исток.
Адеми ќе заработува 1.650.000 евра по сезона, а Динамо ќе добие три милиони евра за трансферот, пренесува „Спортске новости“.
Адеми 13 години помина во Динамо. Цела зима се зборуваше за интерес од Штутгарт, Хофенхајм, Валенсија, Аданаспор, а Адеми сакаше да си замине но прво го спречи тренерот Анте Чачиќ, за неколку денови подоцна да попушти и да му даде зелено светло на капитенот да заигра и за странски клуб.