Нејмар оваа сезона повеќе нема да игра за ПСЖ, објави на прес-конференција неговиот тренер Кристоф Галтие. Бразилскиот напаѓач го повреди зглобот пред две недели во дербито на француската лига против Лил, го напушти теренот на носилки. Нејмар оваа сезона за ПСЖ постигна 18 гола и постави 17 гола на 29 натпревари и нема да биде во составот против Баерн во Лигата на шампиони.
Шпанскиот весник „Марка“ објави текст во кој се прашува дали Нејмар го одигра последниот натпревар за ПСЖ. Бразилецот, кој наполни 31 година, има договор до 2027 година. Тој има намера да го испочитува договорот, но челниците на парискиот клуб, се чини, би сакале да се ослободат од него.
Како што пренесува „Le Parisien“, францускиот тим веќе се обидел да го продаде Нејмар на Челзи, кој одбил да плати 60 милиони евра за него. Исто така, неговата огромна плата е фактор за неговата продажба.
Челниците на ПСЖ најверојатно ќе се обидат да го продадат Нејмар и следното лето, за да ослободат простор за доведување играчи кои повеќе му одговараат на Килијан Мбапе. Францускиот интернационалец со новиот договор стана централна фигура во изградбата на новиот ПСЖ.