Добри вести за „росонерите“: Милан ќе напаѓа со Жиру и Дијаз на реваншот со Тотенхем

107

Оливие Жиру и Брахим Дијаз тренираа денеска со тимот на Милан пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем, натпревар кој е закажан за утре .

Двајцата играчи беа под знак прашалник за настап на мечот, но се очекува да патуваат со тимот во Лондон, објави Sky Sport.

Вчера вечерта беше објавено дека Жиру може да го пропушти натпреварот поради треска, но Французинот се опорави и тој е подготвен да го започне натпреварот заедно со Рафаел Леао.

Брахим Дијаз го пропушти последниот натпревар во Серија А против Фиорентина поради истегнување. Тој се опорави навреме за патувањето во Лондон, но веројатно ќе започне од клупата.

Конечно, францускиот голман Мајк Мањан е вклучен во списокот на Милан, заземајќи го местото на Сипријан Татарушану.

ПретходноРеал (М) протестира на судењето: Кон Барселона се попустливи, ни украдоа 4 бода!
СледноПетров: Да одиграме машки, цврсто против Португалија!