Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт не се добредојдени во Наполи. Германскиот клуб на клупската веб-страница пишува дека е информиран од УЕФА дека Министерството за внатрешни работи на Италија му забранило на Наполи да им продава билети на навивачите на Франкфурт.
Тоа ги вклучува сите 2.700 билети кои Ајнтрахт ги доби, а згора на тоа веќе и ги продал кај своите фанови. Германците наведуваат дека италијанската држава им забранила на навивачите на германскиот клуб да дојдат во Неапол од страв да не се случат големи нереди.
Натпреварот меѓу Наполи и Ајнтрахт (Ф) ќе се одигра на 15 март, а Германците го загубија првиот меч со 0-2.