Кефи е МВП на 20. коло во АБА лигата

95

Екипата на МЗТ Скопје Аердром пред неколку дена извојува екстремно важна победа во рамките од АБА лигата против тимот на ФМП на домашен терен. Одличната колективна изведба на „Штрковите“ сепак, беше предвдена од екстра индивидуалниот учинок на американецот Мајк Кефи, кој стигна до одлични бројки на овој меч. Вкупни 26 поени, 6 асистенции, три скока и три украдени топки, за вкупно 34 индексни поени за 32 минути на теренот.

Токму затоа, плејот на МЗТ Скопје Аеродром е прогласен за МВП на изминатото 20. коло во ова натпреварување, што секако е мотив повеќе како за него, така и за неговите соиграчи да продлжат со добри игри сезонава и да ги остварат зацртаните цели.

 

ПретходноПотер: Играме против врвен тим, но сме исклучително мотивирани да напредуваме во Лигата на шампионите
СледноТерзиќ: Ова не е дуел кој ќе го одлучи моменталната форма, Челзи е подобар од она што го постигнува во моментов