ПСЖ знаел за ранливоста на Нејмар, но не му дал да се оперира поради рекордниот трансфер

431

ПСЖ знаел за склоноста на повреди на Нејмар уште од неговиот трансфер од Барселона.

Според „Л’Екип“, Нејмар пропуштил 43% од натпреварите поради повреда откако се приклучи во ПСЖ во 2017 година. Лекарскиот преглед при трансферот во ПСЖ, наводно, покажал дека десната нога на Нејмар е „во лоша состојба“ и дека операција би била најдобро решение за да се избегнат чести повреди.

Сепак, клубот одбил операција, со оглед на рекордната сума која ја платија за трансферот од Барселона (222 милиони евра). На мечот од Лига 1 против Лил во февруари, напаѓачот на ПСЖ заработи повреда на скочниот зглоб, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Нејмар наредните денови ќе оди на операција на лигаментите.

ПретходноПетров: Да одиграме машки, цврсто против Португалија!
СледноХаланд пред Осимен: Жестока трка по „Златната копачка“