Историскиот триумф на Ливерпул над Манчестер Јунајтед викендов од огромни 7:0 е тема за која што ќе се говори уште долго. Ова е највисокиот триумф на Ливерпул во историјата над лутиот ривал, и навивачите се во екстаза.
До толку се воодушевени што еден при прславата на седмиот гол на Ливерпул влезе во теренот, и нормално, бидејќи тој е подготвен за фудбал не за слободно шетање се лизна и падна. Но, проблемот е што тој директно падна врз групата играчи, поточно врз нозете на Робертсон кој направи болна гримаса, чувствувајќи болка.
Тренерот Клоп на ова реагираше жестоко, речиси и физички да се пресмета со навивачот, кој очигледно многу малку размислуваше да последиците од она што го направи.