Пелистер повторно не успеа да направи важен чекор кон пласман во првите осум екипи. Марјан Илиевски се поразени на првиот меч на турнирот во Широки Бријег со 102-88.
Битолчани примија 36 поени во првата четвртина, иако дадоа 26, сепак набрзина и дозволија на Крка да дојде на стартот на вториот период позитива од 26-40. Од овој момент беше тешко да се фати ритам, противникот ја одржуваше предноста која во третиот период изнесуваше 19 поени (55-74).
Кошаркарите на Пелистер дојдоа на минус 11 (78-89), но пропушти шанса да ја спушти двоцифрената позитива на Крка. Противникот не дозволи изненадување го приведе овој меч во своја корист.
За македонскиот тим ова беше петти пораз оваа сезона, има шест победи.
На следниот натпревар, за два дена, Пелистер ќе ги одмери силите со Слога.