Потер: Играме против врвен тим, но сме исклучително мотивирани да напредуваме во Лигата на шампионите

120

Денеска прдолжуваат борбите во Лигата на Шампионите со реванш дуелите од 1/8 финалната фаза.

На програмата е дуелот Челзи – Борусија Дортмунд, а првиот меч заврши со победа на „Милионерите“ од 1:0. Сега на ред е тимот од Лондон да покаже за што е способен.

Менаџерот на Челзи, Греам Потер, изјави дека неговите играчи се исклучително мотивирани да се покажат во најдобро светло и да успеат да ја елиминираат Борусија Дортмунд.

„Ова е посебен натпревар за нас и ќе се обидеме се за да се пласираме во Лигата на шампионите. Одигравме неколку натпревари на кои можевме да постигнеме повеќе од еден гол и таков настап ни треба утре. Се соочуваме со врвна екипа која е во добра форма и победува. И нашиот тим го подобри расположението по победата викендов и ние сме исклучително мотивирани. Сакаме да го покажеме најдоброто за што сме способни“, изјави тренерот.

Потер додаде дека одлуката околу Рис Џејмс ќе биде донесена пред самиот натпревар, додека Кристијан Пулишиќ се опорави и ќе биде дел од тимот за натпреварот. Ќе го нема Н’Голо Канте, кој подолго време се опоравува од повредата, но веќе извесно време тренира со соиграчите.

ПретходноТрагедија во Англија, почина навивач на Блекпул по масовна тепачка
СледноКефи е МВП на 20. коло во АБА лигата