Во таборот на Манчестер Јунајтед „врие“ по катастрфалниот пораз доживеан против Ливерпул викендов, кога „Ѓаволите“ загубија со неверојатни 7:0. Примајќи шест гола во едно полувреме, што не смее да си дозволи ниту второлигашки тим, а не претендент за титула како Манчестер Јунајтед.
Менаџерот Ерик Тен Хаг, нормално гневен на она што го виде на теренот во неделата, веднаш стартувал со ригорозни мерки во тимот. Тренинг утрината во 09:00 часот, гледање на снимки од мечот, но само одделни каде што поедини играчи на Јунајтед прават се што не треба на терен, како и јасна порака дека ова не смее повеќе да се случи.
Англиските медиуми утринава пренесуваат дека Тен Хаг јасно ставил до знаење на неколкумина играчи дека доколку уште само еднаш се однесуваат вака во дресот на Манчестер Јунајтед дека нивниот мандат на Олд Трафорд автматски завршува.
Ова според медиумите мора да се сфати и тоа како сериозно, затоа што кога Тен Хаг имаше сила и капацитет да се справи со еден Кристијано Роналдо и да го испрати онаму каде што сега тој игра, може само да се претпостави што ќе се случи со играчи од типот на Фред, Лук Шо или Диого Далот.