Трагедија во Англија, почина навивач на Блекпул по масовна тепачка

144

Навивач на англискиот второлигаш, тимот на Блекпул викендов починал откако се здобил со тешки повреди на главата, по масовна тепачка со навивачи на тимот на Барнли.

Британските медиуми пренесуваат, дека извесен, Тони Џонсон, 55. годишен навивач на Блекпул во саботата навечер е тешко повреден пред еден паб по масовна тепачка, која што се случила по заршувањето на дуелот. Пренесен е во болница, а по 24 часа минати таму, тој починал. Полицијата во моментов ревносно работи на расчистување на случајот и бара помош од сведоците и сигурносните камери.

Блекпул како клуб веднаш излезе со соопштение во кое се вели дека се шокирани, а воедно и тажни поради настанот. Од друга страна пак, навивачите веднаш покренаа иницијатива за собирање средства за погребот на Џонсон кој ќе чини околу 10.000 фунти.

Медиумите додаваат дека 33. годишен маж, е уапсен во саботата под сомнение дека е поврзан со настанот, но потоа е пуштен.

Мечот инаку заврши без голови.

 

Претходно„Лизгачки“ старт на навивач врз Робертсон, Клоп збесна (ВИДЕО)
СледноПотер: Играме против врвен тим, но сме исклучително мотивирани да напредуваме во Лигата на шампионите