Халанд пред Осимен: Жестока трка по „Златната копачка“

160

Ерлинг Халанд останува прв на листата во трката за престижното признание „Златна Копачка“ која ќе замине кај најдобриот стрелец во националните првенства оваа сезона. Напаѓачот, кој асистираше во победата на Манчестер Сити против Њукасл од 2:0, останува неприкосновен лидер со 27 гола и 54 бода на листата на најдобри голгетери во Европа оваа сезона. Втор останува реализаторот на Наполи, Виктор Осимен, кој викендов не успеа да се запише во листата на стрелци, како и третопласираниот Амахл Пелегрино, чија сезона со Бодо/Глимт заврши пред неколку недели.

Најдобриот стрелец на Светското првенство, Килијан Мбапе, се искачи на четвртото место на листата за „Златна копачка“, кое го дели со Хари Кејн (Тотенхем). Покрај Мбапе, во првите десет има уште тројца фудбалери од Лига 1. Џонатан Дејвид (Лил) е седми заедно со Висам Бен Једер (АС Монако) со по 16 голови, а позајмениот од Арсенал, Фоларин Балогун (Ремс) е деветти со 15 гола.

Левандовски од Барселона е на делба на 9. место со Балогун со по 15 гола, колку што има и стрелецот на Бренфорд, Тони. Инаку, формулата за утврдување на новиот освојувач на „Златната копачка“ освен бројот на голови, ја зема предвид и тежината на првенството во кое играчот настапувал. Така, головите од Премиерлигата, Лига 1, Серија А, Ла Лига или Бундеслига се множат со 2, додека од послабите првенства со 1,5 или само со 1.

ПретходноПСЖ знаел за ранливоста на Нејмар, но не му дал да се оперира поради рекордниот трансфер
СледноБунтот во соблекувалната на Реал Мадрид против Анчелоти продолжува!