Хаос поради Јокиќ: Само расисти гласаат за него (ВИДЕО)

510

Вистински хаос настана поради Никола Јокиќ. Се водеше дебата за тоа кој ќе биде МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА-лига, истата премина во вистински конфликт, се судрија Џеј Џеј Редик и Кендрик Перкинс. Поранешниот центар на бостонската шампионска генерација Перкинс во минатото редовно го критикуваше Јокиќ, додека Редик во неколку наврати застана во негова одбрана, а бурата ја предизвика изјавата на Перкинс од пред неколку дена.

„Кога ќе погледнеме кој ја освои наградата МВП од 1990 година, само тројца од нив не беа во Топ 10 стрелци во лигата: Стив Неш, Никола Јокиќ и Дирк Новицки. Што имаат заедничко?“, праша Перкинс.

„Заедничко им е тоа што се белци“, е неговиот одговор, со кој алудираше на расизм, ова го налути Редик.

„Само сакам да кажам нешто. Стивен не сакам да те навредам ниту тебе, ниту First Take. Мислам дека ова шоу е многу вредно и почестен сум што сум на оваа маса секој ден, навистина сум. Но, она на што бевме сведоци е проблем за емисијата. Создаваме мислења кои не постојат во реалноста. Импликацијата дека белите гласачи кои гласаат се расисти и ги фаворизираат белите играчи е проблем“, рече тој, а Перкинс веднаш го пресече.

„Не јас не го кажав тоа“, повторуваше Перкинс многу гласно и упорно и на крајот со повишен тон додаде: „Ги кажувам фактите, тие се фактите”.

Сепак, Редик не сакаше да помрдне ни милиметар: “Да, тоа е она што сакаше да кажеш. Сите знаеме што мислеше пред некој ден, сите знаеме што мислеше овој пат”, луто заврши Редик, по што Стивен ја прекина оваа дискусија.

ПретходноМеси изненаден од дочекот во Минхен (ВИДЕО)
СледноЛацио загуби дома од АЗ Алкмар во ЛК (видео)